Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Средношколците од гимназијата „Гоце Делчев„ од Куманово и екипа на екипа од основно училиште од Кичево се победници на годинешново Републичко натпреварување по противпожарна заштита што денеска се одржа во Куманово.
На 26-от републички противпожарен квиз, во финалето учествуваа победниците во кадетска и јуниорска категорија од регионалните натпреварувања во државата.
Од ова што денеска го видовме со гордост можеме да кажеме дека традицијата на доброволното противпожрно организирање во државата продолжува со несмален интензитет.Климатските промени се повеќе бараат интервенција по природните катастрофи со кои тешко се справуваат и поразвиените земји.Искуствата што ние ги имавме во изминатиот период покажаа дека државата со своите институционални капацитети не секогаш може самостојно да се справи со пожарите и поплавите.Затоа тука се членовите на доброволните противпожарни друшта, опремени со знаење и вештини, кои се од голема помош во вакви ситуации - рече Марјан Денковски, претседател на противпожарниот сојуз во Куманово.
Учениците од основните и средни училишта, како промотори на противпожарната заштита покажаа извонредно знаење, а нијанси одлучуваа за победникот. Учесниците во финалето ги поздрави претседателот на Републичкиот противпожарен сојуз Никола Николов.
Јас се гордеам што ве има во толкав број и посакувам некој од вас да биде на моето место и да ја отвара манифестацијата за нејзиниот 50 јубилеј-изјави Николов.
Во името на локалната самоуправа Куманово, гостите од повеќе градови ги поздрави секретарот Оливер Спасовски. Најдобрите поединци и екипи добија пехари и признанија за постигнатиот успех.