Кумановци ја подржуваат петицијата на ДОМ
Граѓаните на Куманово, денеска ја потпишуваа петицијата против бришење на македонскиот јазик, која ќе биде поднесена до УНЕСКО. Потпишувањето се одвиваше на Градскиот плоштад и за три часа беа собрани над 200 потписи.

Граѓаните главно позитивно гледаат на пeтицијата и го ставаат својот потпис, но има и такви што политички реагираат и не сакаат да дадат подршка. Ние ќе бидеме тука и утре во периодот од 11 часот и граѓаните можат да не посетат-велат луѓето од ДОМ.
Потпишувањето на петицијата е во организација на ДОМ како зелена партија, на која принципот на недискриминација и е еден од темелните, но и како иницијатор да се крене гласот против неправдата што му се нанесува на македонскиот народ.