Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните на Куманово најмногу се тужат за поделба имот. Ова го потврдуваат адвокатите и статистичките податоци во Основен суд Куманово.
Основен суд Куманово во минатата 2012 година во граѓанскиот оддел имал заведено вкупно 605 тужби за имотни спорови, 306 тужби за семејни спорови и 370 тужби за спорови од мала вредност, односно за тужбени барање чија вредност е до 180.000 денари - вели Драган Јовановски, портпарол на Основен суд Куманово.
Адвокатите потврдуваат дека од граѓанско право најмногу предмети се однесуваат на имотно - правните односи. Клиентите поведуваат оставинска постапка и делат наследство.
Има доста предмети за физичка поделба на имот, на недвижности, утврдување на сопственост. Разводи на брак во последно време има премногу. Потоа следи поделба на заедничкиот имот на брачните другари во посебна постапка - објаснува адвокат.
Адвокатите велат дека за разлика од порано сега судските спорови се решаваат побрзо, а роковите за одговор на жалба или тужба од некогашните 15 се намалени на 8 дена.