Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На површина од 20 хектари денеска се засадени 260.000 садници. Во пошумувањето се приклучија учениците, вработените во јавните институции, невладиниот сектор , локалната самоуправа, кумановските пратеници, министри и граѓаните.
Шестата ација "Ден на дрвото - засади ја својата иднина„ годинава се реализираше во месноста „Вуевска карпа„ во атарот на селото Младо Нагоричне. На површина од 20 хектари денеска се засадени 260.000 садници. Во пошумуввањето се приклучија училиштата, институциите , невладиниот сектор, кумановските пратеници и граѓаните од Општините Куманово и Старо Нагоричане.
Очекуваме најголем дел од садниците да се засадат на предвидената површина, досега акцијата се одвива според предвиденото темпо. Засадени се голем број зимзелени садници намногу од нив се бор и чемпрес, а имаме и јасен, јавор и багрем - изјави Стојан Арсиќ, координаторот на акцијата од на Јавното претпријатие за стопанусување со шуми-Куманово.
На засадувањето на садниците во Младо Нагоричане присутен беше и заменик-миснистер за култура Драган Недељковиќ.
Сметам дека во акцијата треба да се вклучиме сите и да дадеме свој придонес за поубава и позелена Македонија. Драго ми е што сум дел од пошумувањето во Малдо Нагоричане и се надевам ќе засадиме голем број дрвца-рече Недељковиќ.
Граѓаните на Куманово наместо да пошумуваат во селото Градиште како што беше најавено, садеа дрвца во селото Младо Нагоричане. Организаторите на акцијата во последен момент ја откажале локацијата во селото Градиште, заради тоа што не бил подготвен теренот.
Општината не учествуваше во изборот на локацијата, тоа ни беше наложено од министерството и шумско стопанство, така да незнам од кои причини синоќа ни кажаа дека жителите на Куманово ќе садат во селото Младо Нагоричане. Ние по мејл бевме известени која е нашата локација и јас ги известив сите што требаше да земат учество, никој во меѓувреме не се јави за да ни каже дека локацијата е сменета - вели Бобан Бојковски од секторот за екологија во Општината Куманово.
Организаторите тврдат дека и во Градиште се засадени одреден број на садници од претставници на АРМ и жителите од околните села. Помала површина на локацијата во Градиште била подготвена за засадување и затоа граѓаните од Куманово биле пренасочени таму.