Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово денеска слави 69 години од ослободувањето. На 11 Ноември 1944 години партизаните извојувале голема победа над бугарската војска.
Жестоки борби се воделе од 1 до 11 ноември, а во акциите за ослободување учествувале две бригади од составот на Кумановската дивизија и батаљон на народоната одбрана. Особено тешки борби се воделе на северниот дел на градот и на приодите на Куманово. На 11 Ноември градот бил конечно ослободен, а народот ја прославил победата наредниот дена со голем митинг на Градскиот плоштад. Во четиригодишната крвава борба против моќниот фашистички непријател, учествувале над 2000 борци од кумановскиот регион, од кои 455 загинале по разни боишта низ целата земја. Куманово, градот првоборец даде и осум народни херои: Киро Фетак, Перо Чичо, Боро Менков, Бајрам Шабани, Боро Петрушевски Папучар, Христијан Тодоровски Карпош, Мара Нацева и Трајко Стојковски -Бузо.
По ослободувањето, Куманово забрзано ја испишува историјата на својот растеж. Градот се развива во модерен и значен стопански, културен и спортски центар на Балканот. Во Куманово живејат над 100 иљади жители од македонска, српска, албанска, ромска, турска и други националности.
Празникот денеска ќе се обележи со посета на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, а ќе се одржи и Свечена академија.