Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Видеобим на кој ќе се врши презентација на градот поставен е на зградата на Занатскиот дом во центарот на Куманово.
Градскиот информатор ќе ги објавуваа најзначајните информации од локалната самоуправа и активности на јавните претпријатија со цел да им ги доближи на граѓаните. Истовремено ќе се користи и за маркетиншки цели на сите заинтересирани правни субјекти. Почетокот на работата на информаторот го означи градоначалникот Зоран Дамјановски.
Ова е тренд во поголемите градови и затоа и ние прифативме да бидеме дел од овој проект. Се работи за јавно-приватно партнерство, каде локалната самоуправа го обезбедува просторот, а приватна фирма инвестира во проектот.Сметам дека вакво нешто му недостасуваше на градот и затоа со задоволство прифатиме да го рекламираме градот и на ваков начин-рече градоначалникот Дамјановски.
Фирмата „Профи-М„, која стопанисува со информаторот вложила 600.000 денари за техничка опрема и поставување на видеобимот.
Ова е само почеток, бидејќи имаме уште многу идеи кои ќе ги реализираме во наредниот период. Ја увидовме потребата од овој начин на информирање и затоа се зафативме со нејзина реализација. Се надевам дека ќе бидеме прифатени од граѓаните и фирмите, на кои им се отвара можност за еден нов начин на рекламирање - рече сопственикот Маријан Јакимовски.
Од Општината најавија дека ове е прв, од повеќето рекламни паноа кои ќе бидат поставени на Градскиот плоштад.