Куманово осамна под снег
13.12.2010 08:18
| KumanovoNews
Во градот од ноќеска почна да паѓа првиот снег. Од силните врнежи веќе е формирана снежна покривка од неколку сантиметри, која го побеле градот.

Снегот се натрпа по тротоарите и коловозите, поради кои сообраќајот се одвива забавено и во зимки услови. Според најавите на метеоролозите врнежите ќе продолжат и претпладне.
Во средината на неделата ќе има нови врнежи од снег и дополнително зголемување на снежната покривка. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица особено на планинските превои, соопшти Управата за хидометеоролошки работи.