Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца новинари од Куманово зедно со своите колеги од повеќе други редакции беа во пет дневна студиска посета на Европските институции во Луксембург.
Македоските новинари ги посетиле и поблиску се запознале со работата на Европската инвестициона банка, Европскиот суд на правдата и Еуро-стат тело за аналитика и статисктика на Европската Унија и Музејот во Шенген каде што е потпишан познатиот Шенгенски договр за слободна зона за движење на европските граѓани во која од неодамна велезе и нашата држава.
На ова патување имав можност конкретно да видам како функциионираат евроските институции и можам да кажам дека тоа е еден навистина сложен, но прецизен систем во кој се обработуваат податоците за 27 држави членки на ЕУ.Работата на сите европски институции е транспарентна за граѓаните на ЕУ, кои во секое време на нивните веб-сајтови можат да проверат во кои проекти се вложуваат европските пари. Се надевам дека оваа искуство ќе ми послужи за полесно изготвување на темите поврзани со работата на Европската унија-вели Габриела Димковиќ, новинарка во ТВ Нова.
Во посета биле вклучени и новинарите од Турција. Целта на посетата била да се потикнат медиумите од овие две држави да информираат повеќе и поконкретно за работата на европските институции до кои и македонските граѓани ќе имаат еднаков пристап со влегувањето на Македонија во Европската унија. Македонските и турските новинари оствариле средба и со уредниците од дневниот весник Луксембургер ворт, кој меѓудругото известува и за процесот на интегрирањето во ЕУ на државите од Западен Балкан.
Студиското патување го организирала Владата на Луксембург, а го реализирале Македонскиот институт за медиуми и Европскиот новинарски центар од Брисел.