Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ЛДП преку директни средби ќе се запознава со проблемите на граѓаните, новите иницијативи, прашања и сугестии, кои потоа ќе ги пренесува во Парламентот.
Новиот начин во комуникацијата со граѓаните започна синоќа од Куманово, каде присуствуваат пратениците Јован Манасијевски, Андреј Жерновски, Ристо Пенов и Роза Топузова - Каревска, како и членови на потесното централно и општинско раководство.
Другите тоа го работат како во некои стари лоши времиња, држат митинзи на бини од 100 квадрати и се обраќаат екскатедра на народот, каде нема комуникација.За разлика од тој тип на ступидни кампањи што ги прави СДСМ, кај што Црвенковски се обраќа на масата, која френетично и задоволно аплаудира, ние се определуваме за еден друг тип на работа, непосреден контакт и разговор со граѓаните.Тоа не се бунтови, ниту востанија или некои слични мегаломaнски идеи, туку контакти со граѓаните каде што ќе можеме да разговараме за нашите секојдневни проблеми, а со оваа Влада ги има многу, дури премногу-изјави Манасиевски.
Присуството во Куманово, пратениците на ЛДП го искористија за да дадат подршка на барањата на стечајните работници за матерјален надомест до нивно пензионирање или повторно вработување.Договорот го потпишаа претседателите на ЛДП и УНИТ.
Ова е група на луѓе се трагичари, жртви на транзицијата и последни сведоци на лошите криминални приватизации што ги вршеше владата на Бранко Црвенковски, меѓутоа во еден голем дел и владата на Љубчо Георгиевски во која членуваше и сегашниот премиер Груевски.Сметаме дека државата треба да им се одолжи со тие симболични сретства, бидејќи не е фер единствено овие луѓе да останат ненамирени во овој долг и тежок процес на транзиција- истакна Манасиевски.
Георгиевска се заблагодари на дадената подршката, која им дава надеж дека сепак постојат луѓе кои ја разбираат нивната мака и еден ден ќе се најде решение на нивниот проблем.