Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Председателот пред гостите ги истакна најзначајните резултати што партијата ги оствари минатата година, но најави и активности за наредниот период.
На новогодишниот коктел раководството на Либерално демократската партија на своите членови,симпатизери и граѓаните им ја честиташе Новата година, и им посака многу здравје среќа и упех. Председателот пред гостите ги истакна најзначајните резултати што партијата ги оствари минатата година, но најави низа активностите за наредниот период.
ЛДП оваа година ја искористи за стабилизација и зајакнување на општинската организација, откако воочивме одредени недостатоци во организациониот и технички план. Со направените исчекори сега сме пример не само за нас, туку и на останатите политички партии како треба да изгледа современа и модерна партија.Истовремено усвоивме и стратегија за развој на општинската организација за периодот 2010- 2014 година, каде што предвидовме проекти кои во неведениот период ќе ги реализираме. Самиот факт дека голем дел од нашите проекти ги релизира градоначалникот и Советот на општината, претставува огромна сатисфакција и успех за нас, бидејќи со тоа се потврдува дека сме ги погодиле желбите и интереситена граѓаните-рече претседателот Драган Јаневиќ.
Во годината што измина младите на ЛИДЕМ постигнаа значајни резултати со проектите за безжичен интернет, и најавата за отварање на лизгалиште во градот. Од ЛДП сметаат дека наредната година ќе биде изборна, а партијата ќе освои над 60 илјади гласови и ќе биде дел од идната влада.