×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонија и Србија ќе градат заеднички железнички граничен премин на Табановце

    05.03.2025 14:56 | KumanovoNews

    Македонија и Србија ќе градат заеднички железнички граничен премин во кумановското село Табановце,  и ќе чини 7,6 милиони евра

    Македонија и Србија ќе градат заеднички железнички граничен премин на Табановце

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој Фатих Туркменоглу, денеска го потпишаа Договорот за инвестициски грант од 2,4 милиони евра за проектот. Претходно Европската банка за обнова и развој за овој проект одобрила заем од 5 милиони евра како и грант средства од 250 илјади евра.

    Проектот предвидува изградба на нова заедничка зграда за потребите на граничната полиција, царината и инспекциски служби на Македонија и Србија, како и реновирање на постојните објекти во Табановце. Исто така предвидена е изградба и на нова патна и комунална инфраструктура.
     
    “Се работи за заеднички железнички премин помеѓу Македонија и Србија. На овој начин ќе ја подобриме комуникацијата помеѓу двете држави, затоа што ќе имаме “ONE STOP SHOP”, покрај на патничкиот кога се патува со автомобили, автобуси и камиони, истото ќе биде и во железничкиот дел, кога се патува со воз.  Се надевам дека ова ќе биде вовед кон повторно воспоставување на редовна патничка железничка линија помеѓу Скопје и Белград, за што се потребни секако напори од двете страни. Се работи за проект кој што е во вредност од вкупно 7,4 милиони евра во градежниот дел и 250.000 евра во делот на консултантски услуги и надзор. Сметаме дека еден од главните економски крвотоци на државата е токму Коридорот 10, кој што почнува на јужните пристаништа, на пристаништето Пиреа кај Атина и на солунското пристаниште и продолжува до Централна Европа, до државите како Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка и практично да се забрза движењето на добра и стоки во двата правци и за увоз во Европа, но исто така и за извоз од Европа. Ние се обидуваме во тој дел навистина да придонесеме, така што е големо задоволство, ова ќе значи нови работни места, зголемена економска активност и ова секако ќе значи побрз транзит на патници и стока низ нашата држава, што секако ќе ја направи уште поатрактивна”, кажа вицепремиерот Николоски.
      
    Според планираната динамика, се очекува да оваа година да се избере изведувачот и да започне изградбата на заедничката железничка станица со придружните објекти и истата да се заврши во рок од две години.