×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Матичните лекари во петок нема да издаваат упати

    23.09.2014 07:46 | KumanovoNews

    И кумановските матични лекари во петок ќе протестираат од 9 до 11 часот и на пациентите нема да им издаваат електронски упати, но ќе вршат прегледи и ќе пишуваат рецепти.

    Матичните лекари во петок нема да издаваат упати

    Со тоа ја подржуваат на одлуката на Здружението на приватните лекари, откако не беа прифатени нивните барања од Министерство за здравство.

    Лекарите бараат покачување на капитацијата од 50 на 100 денари, пациентите да не менуваат матични туку ординации и да се направат измени во делот на концесии така што ако лекарот почине или отиде во пензија концесијата да остане на тимот.

    „Да се смени член 317 за концесионери, и ако почине докторот или отиде во пензија да се постават да работат други вработени во таа установа. Второто барање е пациентите да не се запишани на име на докторите, туку да бидат на име на установата. Над милион граѓани годишно менуваат матичен лекар откако тој ќе ја смени ординацијата и тоа е голем трошок за владата„ - изјави Фатмир Асани, претседател на матични лекари Куманово.

    Претседателката на Здружение на приватни лекари на Македонија, Лидија Чолакова Дервишова утре ќе оди на средба во реснорното министерство и доколку се постигне договор за преговори, штрајкот на лекарите ќе биде откажан.