×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите на ЛДП бараат лизгалиште

    24.11.2010 12:42 | KumanovoNews

     Предлогот ќе биде доставен и до Советот на Општината, а како можни локации се  предлагаат фудбалското игралиште на Кејот, игралиштето на основното училиште Крсте Мисирков или фудбалското игралиште кај Соколанскиот парк.

    Младите на ЛДП бараат лизгалиште

    Членовите на ЛиДеМ-Куманово, предлагаат на еден од спортските објекти во Куманово да се монтира лизглиште.Предлогот ќе биде доставен и до Советот на Општината, а како можни локации се  предлагаат фудбалското игралиште на Кејот, игралиштето на основното училиште Крсте Мисирков или фудбалското игралиште кај Соколанскиот парк.

    Сметаме деак овие игралишта се најпогодни за лизгалиште, бидејќи остануваат празни во текот на зимскиот период. Наместо да се неискористени, можат да послужат како место за рекреација и забава за младите во градот. Сметаме дека со поставување на лизгалиште ќе се доближи зимскиот амбиент на граѓаните - изјави Давид Цаневски, член на ИО на ЛиДеМ Куманово на денешната прес конференција.

    Младите на ЛДП сметаат дека изградбата на лизгалиштето може да се реализира и со јавно-приватно партнерство, меѓутоа изборот на локацијата и начинот на реализација на нивниот предлог-проект го оставаат на Советот и градоначалникот. Тие се надеваат дека идејата ќе биде прифатена, исто како што по нивен предлог се направија бесплатни интернет  зони во градот.