Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Срѓан Ивановски е нов претседател на Унијата на млади сили. Од партијата информираа дека дваесетипет годишниот правник е долгогодишен член и активист на Унијата.
Би сакал да се заблагодарам за искажаната доверба што ме избраа за претседател на унијата на малди сили на ВМРО-ДПМНЕ. Сакам да истакнам дека младите ќе партиципираат во сите свери на општественото живеење, како што тоа било и досега. Една од целите и програмите на Унијата на младите е зачленување и пристапување на нови членови во најголемата младинска организација.Оваа прилика сакам да ја искористам да ги повикам сите млади луѓе да ни се приклучат со своето политичко делување и со нови идеии - рече Ивановски во своето обраќање пред медиумите.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека општинскиот комитет на ДПМНЕ заедно со унијата на млади сили се максимално организирани и подготвени за предвремените избори.