На Табановце запленати тракторски делови
22.11.2010 14:34
| KumanovoNews
На граничниот премина Табановце на македонско-српската граница, откриени се 234 делови за трактори.

Во багажниот простор на автобус, пронајдени се мембрани за механизам за гасење, клацкалици за вентили, семеринзи, алуминиумски капачиња, цилиндри за кочење, гумени чаури, брави за кабина, вентили и штрафови за тркала. Цариниците ги откриле при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата.