Над 350 стечајци поднеле барања
        26.02.2014 15:32
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во Центарот за вработување Куманово заклучно со вчера се поднесени 350 барања од стечајците за материјално обезбедување.
Од центарот велат дека има голем одзив и апелираат стечајците да не брзаат бидејќи аплицирањето стартуваше на 21 месецов, а рокот е месец дена.
Право на материјално обезбедување од 7100 денари месечно ќе имаат социјалците кои имаат 25 години стаж, работеле во фирми со доминантна државна сопственост и останале без работа во период од 2000 до крај на 2013 година.
На ниво на држава 4500 стечајци поднеле барања за материјално обезбедување.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



