Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Да ја спречиме трговијата со деца„, беше конкурсот што СВР Куманово и Мисијата на ОБСЕ го реализира во основните училиштата во општините во северо-источиот регион.
Во фоајето на Центарот на култура денеска беа изложени околу 200 цртежи и ѕидни весници кои учествуваа на конкурсот, а најдобрите беа наградени.
Првото место го освои Андреј Цветковски од Крива Паланка, втора е Тијана Додевска од Ранковце, а трета Јована Трајановиќ од „Магдалена Антова„.Поради големиот број цртежи и вложениот труд на децата, одлучивме да наградивме и најдобриот цртеж од секоја општина - рече Виолета Богдановска, началник на Одделот за превенција при СВР Куманово.
Наградените добија ранци и училишен прибор. Конкурсот е распишан во октомври и над 200 учениците испратиле свои цртежи до СВР Куманово.
И во наредниот период продолжуваат активностите во училиштата во сите општини на подрачјето на Куманово, за превенција од трговијата на деца и злоупотреба на детскиот труд.