Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици, волонтери од Црвен Крст и писатели неделава ќе ги посетат луѓето сместени во Домот за стари лица “Зафир Сајто“ и на тој начин ќе ја одбележат Неделата за грижа на стари лица.
Со скромни подароци, разговор, музика и читање поезија тие сакаат да им го разубават денот на старите лица и да им покажат дека не се заборавени.
Тие се запознаени дека ова е нивна недела посветена на грижата за старите лица. Нивни блиски, роднини доаѓаат, ги посетуваат. И ние им посветуваме внимание со мали подароци, им подготвуваме благо. Тоа го правиме да знаат дека некој се грижи за нив. Црвен Крст ни обезбедува постери за Недела за грижа на стари лица како и секоја година.- вели Лили Тошиќ, в.д директор на “Зафир Сајто“.
Во “Зафир Сајто“ се сместени 170 стари луѓе од Куманово и од источниот регион на земјава.
Недела за грижа на стари лица трае од 19 до 25 ноември.