Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракијата која ги затру седмината кумановци, била набавена во Неготино.
Дистрибутерот на алкохолот Б.К.(54) купил 300 литри ракија од А.Ј.(65) од Неготино, по цена од 90 денари за литар. Дел од купената ракија ја препродал за 120 денари на сопстевникот на тезгата Д.А.(50), кој ја продавал на Зелениот пазар на булеварот „Октомвриска револуција„. Полицијата против двајцата кумановци поднесе пријава за кривично дело производство и пуштање во промет на штетни прехрамбени продукти.
Пред три дена околу пладне на тезгата, каде работела Л.С.(60) прво дошле Ненад Д.(32), Марјан И.(39), Јадран Ѓ.(39),и купиле од ракијата, а потоа и Миле А.(48), Весе Ц.(62), Столико Д.(56) и Будимир Т.(54) дегустирале од истата. На сите им се слошило и со симптоми на труење се пренесени во Општата болница Куманово. Дежурниот лекар утврдил дека труењето е предизвикано од аклохол со примеси на метил алкохол. По 24 часовно лекување, затруените се пуштени на домашно лекување и нивната здравстеван состојба е стабилна.
По наредба на судот, а во соработка со Дирекцијата за заштита на храна и Државниот пазарен инспекторат извршен е претрес во домовите на дистрибутерот и препродавачот, каде се пронајдени 80 литри ракија која е предадена на анализа за да се утврди кои штетни материи се присатни во нејзиниот состав.
ЈП „Пазариште„, вчера го раскинал договорот за соработка и ја затворил тезгата каде нелегално била продавана ракијата.