×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Неуспешна интерпелација на претседателот на Советот

    20.03.2012 14:16 | KumanovoNews

    Опозицијата е незадоволна од работата на претседателот, поради волунтаристичкото и самоволното водење на седниците, како и кршење на Деловникот за работа и процедурата.

    Неуспешна интерпелација на претседателот на Советот

    Советничката група на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, денеска побара да се гласа недоверба на претседателот Советот на Општината. Опозицијата е незадоволна од неговата работа, поради, како што рекоа, волунтаристичкото и самоволното водење на седниците, како и кршење на Деловникот за работа и процедурата.

    Тој работи по принцип на „двоен аршин“ за советниците од позицијата и опозицијата, односно позицијата добива право да зборува колку сака и кога сака, додека на опозицијата строго и се мери времето. По скоро секое обраќање на советник од опозицијата, претседателот, без да земе збор или реплика, си зема за право да си додава свои коментари, со што наместо да го штити, го нарушува угледот на Советот и интегритетот на советниците. Со овој перфиден начин на манипулација од страна на претседателот се дискриминира и омаловажува опозицијата во Советот. Дискусиите на градоначалникот никогаш не ги прекинува, иако некогаш траат по 20-тина, па и повеќе минути- го образложи предлогот Бобан Николовски координатор на советничката група.

     За смена на Цветковски гласаа 10 советника на опозицијата, додека подршка му дадоа 18 советника на позицијата и нивните коалициони партнери. Тројцата советници на ДУИ ги снема од салата пред самото гласање, а се вратија кога тоа заврши.

    По неуспешната интерпелација Николовски најави дека, Цветковски за нивната советничка група го нема повеќе легитимитетот претседател на Совет и  понатами ќе му се обраќаат со “ советникот кој ја води седницата “.

    Тврдат дека и до сега, во изминатите 3 години најодговорно ги водев седниците и постапував исклучиво по актите на Советот, тоа е Деловникот и статутот, и Законот на локална самоуправа. Очигледно е што на почетокот на четвртата година од мандатот се заострува вашата нервоза и вашите забелешки за водење на седниците. На сите обиди да го дестабилизирате и да го спуштите нивото на Советот, јас лично ќе се спротивставам и нема да дозволам ниски страсти и ниски удари за евтини политички поени на говорницата на Советот- одговори Цветковски.