×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Незаконски набавени камиони во „Чистота„?

    26.02.2014 13:26 | KumanovoNews

    Директор на ЈП “Чистота и зеленило“ и уште тројца вработени во претпријатието се сомничат дека незаконски набавиле три половни возила за подигање и транспортирање на смет и една метлачка.

    Незаконски набавени камиони во „Чистота„?

     Според портпаролката на СВР Куманово, Валентина Николовска, директорот  Сашо П. (46) однапред се договорил со А.К сопственик на браварската работилница “Дух“ од Свети Николе да добие тендерот, по што иницирал посета на авто плацеви во Германија за пронаоѓање на соодветни возила. Возилата биле платени од сметката на фирмата на А.К, а ЈП “Чистота и зеленило“ дало аванс, вклучувајќи ги тука и трошоците за транспортирање на возилата до Македонија.

    Б.Ј.(52), С.М.(42) и С.Г.(54) сите членови на Комисија за јавни набавки во претпријатијето во април 2012 година добиле две понуди по распишан тендер, при што не ги разгледале техничките понуди на двата понудувачи. Не провериле дали возилата се со македонски регистарски таблички, дали имаат извршено хомологација и дали ги исполнуваат законските прописи. Понудата на Друштво за еколошки, комунални и други услуги “Еко Тера Интернационал„ ДООЕЛ Скопје ја отфрлиле како некомплетна, а ја прифатиле понудата на “Дух“ , иако и нивната понуда не била комплетна, ниту ги имале понудените возила во Македонија.

    Откако изготвиле записник за отворните понуди му овозможиле на А.К да ги донесе возилата и да ги регистрира како што било договорено со директорот. За сума од 61.764 евра со ДДВ возилата биле набавени од “Дух“, а на ЈП „Чистота и зеленило„ биле продадени за 86.179 евра без ДДВ. Профитот од 34.219 евра требало да бид поделен меѓу директорoт и сопственикот.

    Сите петмина вмешани ќе одговараат за сторени кривични дела “злоупотреба на службела положба и овластување“ и “злосторничко здружување“.

    Директорот ги отфла обвинувањата и тврди дека тендерската постапка е извршена законски.

    Тендерската постапка е водена согласно прописите од Бирото за јавни набавки каде што основен критериум беше цената и гаранцијата. Прифатена е понудата од 5.500.000 денари, а втората беше 9.500.000 денари. Злоупотреба би било да беше избрана втората понуда, а не најниската цена во постапката. Со тоа сите обвинувања од МВР се невистинити и неосновани. Сите овие инсинуации ќе паднат во вода затоа што се работи за политички монтиран процес- вели директорот Петрушевски.

    Тој додава дека камионите се набавени пред 2,5 години а сеуште не се отплатени на фирмата од која ги купиле.