×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Никој не ги брои стамбените згради во Куманово

    24.09.2010 13:38 | KumanovoNews

    Ни една институција во градот не располага со официјална информација за точниот број на стамбени објекти што се изградиле во последните неколку децении. 

    Никој не ги брои стамбените згради во Куманово

     Никој незнае колку колективни стамбени згради има во Куманово. Ни една институција во градот не располага со официјална информација за стамбените објекти што се изградиле во последните неколку децении. Од  Општината, Централниот регистар, Одделенијата за урбанизам и даноци, Катастарот и Статистика велат дека не им е работа да ги бројат зградите во градот.

     Ние како Завод за статистика, водиме евиденција само за бројот на домаќинствата и на население. Немаме податоци колку станбени згради има во Општината, бидејќи тоа не се бара од нас. Таква информција би требало да најдете во Одделението за урбанизам, бидејќи тие издаваат дозвола за изградба на становите - велат во статистика.

    Во Одделението за урбанизам исто така немаа одговор на нашето прашање. Рекоа дека немаат обврска да го имаат бројот на стамбените згради.

    Куманово има над 100 илјади жители, и добар дел од населението живее во колективни стамбени згради. Интензивно се гради на булеварот „Октомвриска револуција„,„Трета МУБ„,на атрактивни локации во централното градско подрачје и населбата „Гоце Делчев„, но колкав е нивниот број останува тајна.