Низа активности за 9 Мај
06.05.2013 06:44
| KumanovoNews
9 мај- Денот на победа на фашизмот и Денот на Европа во Куманово ќе се одбележи со повеќе активности што ги организира Општината Куманово.
На Спомен Костурницата во 11 часот, цвеќе ќе положат делегации од локалната самоуправа, здружението на борците, граѓански здруженија, политички партии и граѓаните, а потоа ќе следува културно - уметничка програма.
За Денот на Европа ќе има манифестација на Градскиот плоштад на која ќе учествуваат ученици од повеќе училишта во градот. Настанот ќе се реализира со поддршка на Општина Куманово и ЕУ.