×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Низок водостој на реките во кумановско

    09.01.2014 10:28 | KumanovoNews

    Пчиња има подобар водостој од Крива Река, но како и сите други реки во земјава водостојот е низок бидејќи нема дождови и снег

    Низок водостој на реките во кумановско

    Водостојот на реката Пчиња изнесува 104 цм на мерното место Катланово, а на Крива Река кај Крива Паланка само 17 цм. Од Управата за хидрометеоролошки работи објаснуваат дека лани реките имале повисок водостој.

    Водостојот е низок, но сепак е во некои нормални граници. Во 1990 година е забележан многу низок водостој на реките. Имало случаи кога имало снег на планините, но поради мраз било суво и реките пак биле со ниско ниво. Од следната недела се очекуваат дождови, а за да дојде до поплави треба водостојот да биде над 2,5 метри.  Оваа година зимата малку задоцни - вели Јосиф Милевски, раководител на сектор за хидрологија во УХМР.

    Тој додава дека нискиот водостој на реките нема да се одрази на рибниот фонд бидејќи рибите мигрираат онаму каде има вода.