Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот новинар Зоран Божиновски синоќа е уапсен во Србија, пренесуваат скопските портали.
Тој бил приведен во Нови Сад во 21 часот, по што било известено и македонското МВР. Од таму за Press 24 ја потврдиле информацијата и рекле дека Божиновски е изведен пред надлежниот судија по што ќе следи официјална идентификација.
Соред процедурата МВР треба да добие и писмено известување и да ја започне постапка за екстрадиција.
Зоран Божиновски од Куманово пред 5-6 години се исели со семејството во Србија . Од пред неколку месеци во Македонија се бара како еден од осомничените во случајот Шипон.