Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Маријан С.(39) од селото Брзак загина во тешката сообраќајна несреќа што околу 16 часот се случи на автопатот Куманово-Скопје, во близина на Агино село.
Неговата сопруга Л.С.(38) се здобила со сериозни повреди, сместена е во болница во Скопје и се наоѓа во животна опасност. Според полицијата, Маријан возејќи го неговиот автомобил венто со кумановски регистарски таблички, движејќи по автопатот поради неприлагодена брзина изгубил контрола на возилото и излетал од патот. При тоа удрил во брегот, неколкупати се превртел, преминал на спротивната коловозна лента на автопатот и се судрил со пикат кој се движел кон Куманово. Возачот на другото возило останал неповреден.
Увид на лице место извршила полицијата и истражен судија, кои ќе ги утврдат причините за несреќата.
(фото архива)