Од 15 јули судиите на одмор
11.07.2014 09:41
| KumanovoNews
Судиите и судските работници од 15 јули до 15 август ќе заминат на колективен одмор т.н. судко ферие.
Во тој период ќе работи само дежурна екипа, а ќе се судат само итните спорови.
- Ќе работат приемните служби, одделенијата, ќе се одвива тековната работа. Се ќе биде покриено од дежурните служби, а ќе се оддржуваат само итните притворенички судења - вели Драган Јовановски, портпарол на Основен суд Куманово.