Ограбена поштата кај Зелениот пазар
22.03.2011 14:45
| KumanovoNews
Во експозитура на Македонски пошти лоцирана на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“, спроти Зелениот пазар во Куманово, непознати лица украле метален сеф со 430.000 денари, ВИП ваучери, ПТТ картици, уплатници и други документи.

Грабежот се случил во текот на ноќата,а вработените виделе утрината во 8.10 часот кога дошле на работа. Провалниците на сила ги отвориле двете врати на монтажниот објект и со сефот ги однеле девизите и денари што биле внатре. Сторителите побегнале, а полицијата трага по нив, и работи на расчистување на случајот.