×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ограбена старица во Бабин Дол

    10.12.2010 17:06 | KumanovoNews

     Љубица Златановска (69) синоќа била нападната и ограбена од 5 маскирани, непознати лица во нејзината куќа во кумановската населба Бабин Дол.

    Ограбена старица во Бабин Дол

     Нападот се случил околу 21 часот, додека жената која живее сама се подготвувала да спие.Тогаш во собата упаднале насилниците и побарале да им каже каде ги крие парите. Кога таа одбила за зборува, тие го изгаснале светлото и ја турнале на земја,по што се нафрлиле да ја удираат со тупаници и клоци по телото. Еден од напаѓачите кој имал и пиштол во рацете, и ја врзал устата со крпа и почнале да пребаруваат по куќата. При тоа пронашле 10 000 денари ,а и ги одзеле и златните обетки од ушите, ланчето од вратот и клучевите од куќата. 

    Отворен ми беше прозорецот на стакларникот, и преку него ја отклучиле влезната врата. Кога влегоа во собата почнаа да бараат да им кажам каде ми се парите,бидејќи сите зборувале дека сум богата. Ги молев да ме пуштат, но тие ме врзаа и ме однесоа во другата соба за да не ме чујат комшиите. Ја испревртеа целата соба и меѓу облеката, нашле 6000 денари што ги имав заштедено  и 4000 денари од последната пензија. Не веруваа дека имам само толку пари, па пред да заминат го претресоа и таванот, ама ништо не најдоа - раскажува потресено старицата.

    Таа кажува дека ги слушнала разбојниците како зборуваат на ромски, но не ги видела порано и незнае кои се. Љубица во својата куќа живее сама, откако пред 3 години и починал сопругот, а деца нема. Вели дека досега немале проблеми со никого во населбата.Полицијата извршила увид на лице место и работи на откривање на разбојниците.