Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Авдула Е.(43) од селото Опае, го загубил животот откако му се превртел тракторот што го управувал. Несреќата се случила вчера околу 16 часот во атарот на селото Руница на м.в.„Мокро Поле“, кога Авдула се враќал со дрва од планината.
Додека се движел по патот, тракторот се превртел и го поклопил. Од здобиените повреди тој починал на самото место. Безживотното тело го пронашол случаен минувач во 18.40 часот, кој прво го забележал превртениот трактор. Случајот го пријавил во полициската станица Белановце, по што увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. При тоа било утврдено дека Абдула истиот ден околу 8 часот излегол од дома да товари дрва.
Од страна на доктор констатирана е смрт без траги на насилство, по што телото на починатиот е дадено на семејството.