Општинaта ќе менаџира со државното градежно земјиште
Општина Куманово во иднина сама ќе менаџира со државното градежно неизградено земјиште, одлучи Владата . Во пакет со Куманово државното неизградено градежното земјиште го доби и општина Охрид.

Со оваа одлука се потврдува дека Владата на Република Македонија работи објективно и транспарентно, врз основа на законските прописи и со тоа паѓаат во вода обвинувањата на опозицијата дека определени процеси се блокираат на партиска основа, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Услов општините да управуваат со градежно земјиште предвидува, е да имаат развиено и усвоено годишна програма за управување со земјиштето, минимален број лиценцирани општински службеници, воспоставен систем за електронско наддавање и комисија за таа намена.
Заедно со Куманово и Охрид до сега овие услови ги исполнуваат вкупно 39 општини.