×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината одвои над 24 милиони денари за социјална заштита

    19.12.2014 10:37 | KumanovoNews

    Општина Куманово, од 2015 до 2017 година ќе потроши над 24 милиони денари за социјална заштита на граѓаните.

    Општината одвои над 24 милиони денари за социјална заштита

    Од оваа сума над 20 милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на сметките за вода и смет, за социјално загрозените семејства.

    “Бројката  на корисници е променлива. Субвенции за комунални услуги добиваа 1435 граѓани и очекуваме и наредната година бројката да се движи тука некаде. Секое семејство добива до 900 денари за вода и до 300 денари за сметките за смет. Субвенции за превоз користат 223 стечајци“ - вели Фросина Трајковска, помошник раководител во сектор за социјална заштита.

    Два милиони денари ќе бидат потрошени за бесплатен градски превоз на стечајците, 1,5 милиони денари за функционирање на дневниот центар “Порака наша“, 700.000 денари се одвоени за еднократна парична помош и 180.000 денари за проектот “Инклузија на деца Роми во предучилишни установи“.