Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двете најголеми партии СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе организираат повеќе активности по повод 8 март, Денот на жената.
Во 11 часот, жените на ВМРО ќе го посетат гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово, додека членките на СДСМ, Домот за стари лица „Зафир Сајто„. Унијата на млади сили на ВМРО, напладне ќе подаруваат цвеќа на припадничките на понежниот пол на Грдскиот плоштад, додека во СДСМ ќе се организира коктел.
И покрај тоа што е работен ден, а жените велат дека не слават, сепак денеска очекуваат внимание и подарок. Нема да изостане и традиционалното дружење на жените во рестораните и кафулињата.