Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според масовноста на прославата на „Мала Богородица„ во живописниот манастир во Лесново, случаен намерник би стекнал впечаток дека беа насобрани пензионери од сите градови на Источна Македонија.
Околу 300 пензионери од Куманово со пет автобуси вчера, на Мала Богородица, заминаа во злетовското село Лесново, каде во древните поли на манастирот Св.Гаврил го чествуваа овој христијански верски празник и поминаа прекрасен ден во дружење со песна и оро, јадење и пиење. Средновековното здание на лесновскиот манастир, една од препишувачки и преведувачки школи на старословенски текстови на просторите на Македонија како што се манастирите Св. Прохор Пчињски,Св.Јаким Осоговски кај Крива Паланка или Св.Јован Бигорски.Според масовноста на прославата на „Пречиста света Мала Богородица„ во живописниот манастир во Лесново, дента на 21 септември случаен намерник би стекнал впечаток дека беа насобрани пензионери од сите градови на источна Македонија - од топлата Струмица на југ до Куманово и Крива Паланка на север. На празничкото оро, и покрај веселите пензионери, сепак доминираа младите кои предничеа и на гозбите со традиционалната манастирска чорба, но и со богата скара и ,,ладно скопско‘‘.