Почна обновувањето документи за социјална помош
03.11.2014 13:31
| KumanovoNews
Kорисниците на социјална помош до крајот на ноември треба да ги обноват документите за и во иднина да ги добиваат сретствата.
Во Центарот за социјални работи Куманово денеска имаше голем метеж, а стотина граѓани веќе поднеле барања за обнова на документи. Тие треба да донесат важечка лична карта и да поднесат барање за користење на социјална парична помош. Ако имаат студент во семејството, треба да достават потврда за редовен студент и потврда за алиментација доколку ја користат.
Во Центар за социјални работи Куманово се очекува документи да обноват 3600 социјалци до крајот на месецов.