×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Погача за Бадник се кршеше во Српската заедница

    06.01.2014 13:47 | KumanovoNews

    Традиционално со кршење на бадниково лепче со паричка, Српската заедница Куманово, денеска го одбележа големиот христијански празник Бадник.

    Погача за Бадник се кршеше во Српската заедница

    Српската заедница прославата ја организира 3 - та година по ред во знак на Христовото раѓање - Бадник. За богатата трпеза се погрижи Елена Јаќимовиќ, кај која лани се падна паричката, а годинава најсреќен беше нејзиниот сопруг Бобан Јаќимовиќ, претседател на општинската ДПСМ.

    Пресреќен сум што паричката останува во нашете семeјство. Се надевам дека оваа година ќе биде уште подобра од минатата, иако и лани имавме среќа и успех на семеен, професионален и политички план. Но, сепак, се надевам на поголеми успеси. Со нов елан да влеземе во новата 2014 година- вели Јаќимовиќ.

    Тој додава дека ги негуваат православните обичаи и во тој дух со богата празнична трпеза вечерва неговото семејство ќе го прослави Христовото раѓање.

    Српската заедница за следната година планира прославата да биде збогатена.

    Оваа година имаме една новина. Група наши активисти утрово во раните утрински часови беа во с.Горно Којнаре да донесат бадниково дрво. Тоа ни ја развеселува целата наша атмосфера. Веќе имаме планови за идната година, да биде тоа уште помасовно. Во поголем број да отидеме со поголем број на возила, со поголем број членови. Најверојатно ќе биде тоа на некое друго место, во некое друго село каде ќе земеме бадниково дрво - изјави Горан Зафировиќ, претседател на Српска заедница Куманово.

    Зафировиќ најавува дека прослава на Бадник со дефиле низ градот и настап на културно - уметничко друштво “Српски вез“.