×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицајка од затвор нападна новинарка

    23.11.2010 08:16 | KumanovoNews

     По завршувањето на вчерашното судење за убиство, пред Основниот суд во Куманово се случи инцидент кога вработена во спроводната служба на Затворот во Шутка, со сила го зеде апаратот на новинарката на Вест и Kумановоњус и сакаше да ги избрише направените фотографии.

    Полицајка од затвор нападна новинарка

    Со образложение дека немаме право да ја сликаме пред Судот, и дека ни треба одобрение од Министерството за правда, полицајката се нафрли врз новинарката и почна да се расправа. Благодарение на професионалноста на полицајците од обезбедувањето на Судот во Куманово, апаратот беше вратен.

    Целата расправија се одвиваше пред очите на голем број граѓани, судии и адвоката кои беа згрозени од однесувањето и дрскоста на жената. Тие велат дека вработената, не само што ги прекршила своите овластувања и си зела за право да воведува ред пред судот и да брка новинари, службата ја прекршила и со постапката при спроведување на малолетник. Наместо на споредниот влез, за да се скрие идентитетот, малолетното девојче беше изведено на главнот влез, и можеше да ја види секој што во моментот беше пред судот. Полицајката со своето однесување  привлече внимение и на  случајните минувачи по улицата.

    Во истовреме во Куманоскиот суд имаше и друго судење за убиство што беше обезбедувано од специјални полициски единици. Тие без проблем дозволија да се фотографира притворениот, не мешајќи се во работата на новинарите.