Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СВР Куманово ги известува граѓаните дека доколку се заинтересирани можат да го предадат оружјето што нелегално го поседуваат или истото да го легализираат.
Согласно законот за оружје, физичките и правните можат да поднесат барање за легализација на оружјето од А,Б,Ц и Д категорија или да се ослободат од истото доколку за него немаат потребна документација. Доброволното предавање на оружјето можат да го извршат во најблиската полициска станица и при тоа нема да се идентификуваат ниту евидентираат. Лицата кои доброволно ќе се ослободат од оружјето, полицијата тврди дека против нив нема да подига кривична или прекршочна постапка. Барањето за легализација на оружјето можат да се поднесе до мај наредната година. Доколку барањето за легализација е одбиено, тогаш сопствениот е должен да го предаде оружјето- информираат од полицијата.