Помош за поплавените во Бјељина
15.12.2010 11:55
| KumanovoNews
Општината Куманово одвои 300 иљади денари за помош на поплавените семејстава во Општината Бјељина, Република Српска.

Помошта ја одобри и Советот на Општината Куманово. Градоначалникот Зоран Дамјановски и секретарот на Оливер Спасовски утре ќе заминат во посета на збратимената општина, каде ќе биде предадена помошта. Истоатака и посетат дел од поплавените населби. Куманово, минатата година одвои помош и за поплавените градови во Албанија.