Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради прославата на 68 години од Првото заседание на АСНОМ во меморијалниот центар Пелинце, утре ќе има посебен режим на сообраќајот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.
Од СВР Куманово препорачуваат граѓаните да стигнат во Пелинце до 9 часот, бидејќи поради пропуштање на ВИП гостите ќе се запираат сите возила и првенство на минување ќе имаат службените автомобили.
Заради безбедно одвивање на сообраќајот сите учесници да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи. Поради високите температури граѓаните кои ќе присуствуваат во Меморијалниот центар да ги преземат сите превентивни мерки да не дојде до евентуално настанување на пожари - апелираат од СВР Куманово.
СВР Куманово на граѓаните им го честита Илинден и ги повикува на заедничка прослава. Почетокот на прославата е во 10 часот. На присутните ќе им се обрати собранискиот спикер Трајко Велјановски.