Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од денеска во продавниците во Куманово лебот се продава по повисоки цени од 2 до 7 денари во зависност од производителот.
Пекарата „Златен клас„ ја покачила цената на белиот леб од 23 на 27 денари, „Жито Вардар„ Велес од 25 на 27 денари, а најмногу отишле со цените две скопски пекарници кои лебот од 18 денари го покачиле на 25 денари и „Жито Скопје„ Силко, лебот на кришки од 23 до 30 денари. Најефтина е векна на црн леб кој се продава по 25 денари, а граѓаните намногу го барале.
Нашите потрошувачи од утрово се шокирани кога разбраа за новите цени. Сите се жалат на скапотијата, но немаат што да прават и купуваат. Се расправаат со нас како ние да сме виновни - велат продавачките во еден суперматкет.
Од денеска и јогуртот на производителот „Олми„ поскапел за цели 8 денари, и сега литар јогурт наместо 40 се продава по 48 денари.
И другите производители најавиле поскапување на нивните производи.