×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожарникарите од Старо Нагоричане обучени за гаснење на пожари

    03.11.2014 13:03 | KumanovoNews

    Пожарникарите од Доброволно противпожарно друштво од Старо Нагоричане поминале обука за гаснење на пожари, за што добиле сертификати.

    Пожарникарите од Старо Нагоричане обучени за гаснење на пожари

    Обуката траела десетина дена и се состоела од теоретски и практичен дел.

    “ Пожарникарите поминаа низ показни вежби, за гаснење пожари со противпожарни апарати, со возило, монтирање на црева и арматури противпожарни. Во тој дел имаше и часови од прва помош. Досега немале некаква обука, а сега 25 - те пожарникари, од кои 8 се вработени професионално како пожарникари се стекнаа со знаења, кои ќе им помогнат понатаму. Сигурно нема да остане само на оваа обука. Противпожарниот сојуз прави напори да се одржи уште некоја обука можеби и со некои меѓународни противпожарни друштва„ - вели Часлав Јовановиќ, секретар на Општински противпожарен сојуз Куманово.

    Пожарникарите од општина Старо Нагоричане сами ги гаснат помалите пожари на територија на нивната општина, а за поголеми интервенции бараат помош од колегите од соседните општини.