Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Канцеларија за комуникација со граѓаните на пратениците Петар Поп-Арсов и Дарка Петрушевска, организира трибина на тема: “Мали и средни претпријатија како дел од евро-интегративиот процес на Република Македонија”.
На трибината учество ќе земат: Методиј Хаџи-Васков, заменик министер за економија Маја Петрова, самостоен стручен соработник во Агенција за поддршка на претприемништво на РМ, Момчило Ивановски, директор на “БОНУМ“ и претседател на Македонска асоцијација на преработувачи, Мартина Златковска, дипл. економист, магистрант на департман за Европски студии на УКИМ и пратеникот Петар Поп-Арсов, претседател на Комисија за европски прашања во Собрание на Р. Македонија
Трибината ќе се оддржи утре во 19:00 часот во Центарот за култура Трајко Прокопиев-Куманово.