Предавање за дијабетичарите во Куманово
Здружението на граѓани со дијабетес од Куманово организираше предавање на тема „Проблеми на пациентите при промена на инсулинска терапија“ на која говореше д-р Викторија Перцан од Клинката за ендокринологија од Скопје.

Потребата од вакво предавање е поради проблемот со којшто се соочуваат дијабетичарите, недостаток за редовно и контролирано снабдување со инсулин – основно средство за регулирање шеќер во крвта. Ние како Здружение постојано и навремено алармираме кај надлежните институции дека треба да обезбедат редовно примање на инсулинот, бидејќи тој претставува терапија која не смее да се прекинува- вели Драган Гачевиќ, претседател на Здружението.
Вклучувајќи ги и општините Липково и Старо Нагоричане досега во Центарот за дијабет во Куманово има регистрирано 5200 случаи на лица заболени од шеќерна болест, од кои 1800 се на инсулинска терапија.