Пролетни температури во ноември
06.11.2010 08:33
| KumanovoNews
Убавото време ги натера граѓаните да излезат на Градскиот плоштaд и во парковите за да уживаат на сонцето.

Пролетното врме ќе се задржи и за викендот, по што од понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд и пад на температурите, најавуваат метеоролозите.
За време на викендот ќе има услови за појава на утринска магла по котлините и речните долини.
Максималната дневна температура деновиве ќе достигне високи 23 степени Целзиусови, што е невообичаено за овој период од годината.