Промоција на “Посмртна венчавка“ од Паскал Гилевски
22.12.2014 12:00
| KumanovoNews
Во читалната на Градската библиотека “Тане Георгиевски“, утре во 12 часот ќе биде промовирана книгата “Посмртна венчавка“ од авторот Паскал Гилевски.
Книгата е добитник на Рациновото признание. Промотор на “Посмртна венчавка“ ќе биде писателот Раде Силјан. Романот го издаде издавачката куќа Матица македонска.