×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Развој на туризмот шанса за северо-источниот регион

    07.12.2010 15:19 | KumanovoNews

     Само организирано и плански може да се развие Северо-источниот регион и да се создадат услови за привлекување на домашни и странски туристи.

    Развој на туризмот шанса за северо-источниот регион

     Ова беше заклучокот од денешната Регионална конференција за развој на туризмот на која беа презентирани Стратешкиот и Акциониот план за развој на туризмот од 2011-2016 година, како и електронската база и повеќеслојните мапи на природните и културно-историските туристички ресурси на шесте општини во регионот. Пред присутните градоначалници на општините од регионот, бизнис заедницата и невладиниот сектор беа претставени и изготвените студии за оптимално користење на природното богатство на регионот и културно-историското наследство во туристички цели.

    Овие документи се основа за развој на регионот со цел да се изговуваат проекти од областа на инфраструктурата, зголемување на капацитетите за престој на туристите и изнаоѓање можности како да ги искористиме двата коридора 8 и 10 во регионот за задржување на транзитните туристи. До сега низ регионот туристите поминуваа и не оставаа ниту едно евро, поради недоволните усолови за туризам. Регионот има природно и културно богатство, има што да понуди и тие ресурси оптимално може да донесат дополнителни средства на општините. Преку програмата за рамномерен развој ќе бидат финасирани голем број проекти, затоа што овој регион се смета за најнеразвиен во Макеоднија, а за таа цел ја вклучуваме и бизнис–заедницата да помогне - изјави Младен Протиќ, координатор на Центарот за северо-источен плански регион.