×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Регионот ќе добие стратегија за управување со отпад

    16.01.2014 12:03 | KumanovoNews

    За Североисточниот регион за неколку месеци ќе биде изготвена стратегија за управување со отпад.

    Регионот ќе добие стратегија за управување со отпад

    По тој повод денеска во Куманово се оддржа работилница, на која се говореше за потребата од решавање на проблемот со складирање на отпадот и влијанијата врз животната средина, при што беше нагласено дека регионот има многу диви депонии кои се штетни за околината и за здравјето на луѓето.

    - Имаме направени сеопфатни анализи на сите постоечки депонии, регистар и го пресметавме ризикот врз животната средина. Ние ќе предложиме различни мерки за секоја депонија и за нејзино санирање. Главниот проблем денеска во однос на управувањето со отпадот е постоењето и функционирањето на нелегалните депонии кои создаваат големи проблеми. Важно прашање овдека е за затварање и рехабилитација на постоечките депонии - рече Теофанис Лолос, лидер на тимот.

    Откако ќе се утврди колку отпад се создава во регионот и на кој начин ќе се селектира, потоа ќе следи друг проект за изградба на регионална депонија до 2017 година.  Понатаму ќе се одлучува дали ќе биде изградена една заедничка депонија за североисточниот и источниот регион или ќе има две депонии.

    - Направени се квалитативна и квантитативна анализа на отпадот. Потоа се зема во предвид густината на населението, БДП и врз основа на сите овие податоци ќе се добие некоја слика дали треба да се градат две депонии или можеби ќе биде поисплатливо да биде изградена една депонија. Имаме можност да набавиме и возила со тие средства - изјави Ана Каранфиловска Мазневска, раководител на сектор за управување со отпад во Министерство за животна средина и просторно планирање.

     Преку ИПА програмата североисточниот и источниот регион први во земјава ќе добијат регионален план за управување со отпад.

    - Многу е важно дека одиме во чекор со најновите законски прописи на ЕУ. Дел се имплементирани во нашата држава, а дел ќе мораме доколку ги следиме пристапните процеси кон ЕУ. Денеска беше презентиран извештајот за стратешката оценка за влијанието врз животната средина  на овој регионален отпад и особено е ставен акцент на извештајот за состојбата со сегашните депонии - вели Атина Мургашанска од стручната служба на регионалниот одбор за управување со отпад.

    ЕУ финансира 1,14 милиони евра за изготвување на регионални планови за управување со отпад со што придобивки ќе имаат 17 општини во двата региони и околу 400.000 жители.