×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Роднината се заканувал со убиство

    24.12.2010 20:51 | KumanovoNews

     Игор Петрушевски (22) од селото Дренак, кој го изврши двојното убиство во Ајдучка Чешма, а потоа си го одзеде животот се заканувал на семејството Лазаревски дека ќе ги убие ако не му дадат да се ожени со Даниела.

    Роднината се заканувал со убиство

     Како кажуваат соседите, роднините често доаѓале во конфликт затоа што се противеле на роднинската љубовна врска. Родителите на Даниела заканите не ги сфаќале сериозно и не го пријавиле во полиција. Критичниот ден тој сочекал жените да останат дома сами што го извршил болноумниот чин.Со седум куршуми од пиштол ги убил неговата братучетка Сузана Лазаревска (42) и внуката Даниела (19), а го ранил помалиот внук.

    Безживотните тела на Сузана и Данела, и повреденото дете во дворот ги пронашол нивен роднина. Со прострелна рана во образот и скршена вилица детето е пренесено на лекување во Ургентниот центар Скопје. Откако ги извршил убиствата Игор си пресудил.Со прострелана рана во главата, полицијата утринава во 10.30 часот го нашла во нива во близина на куќата каде што се случи трагедијата.

    Соседите се шокирани од трагедијата она што се случила во населбата. Велат дека семејството Лазаревски е сиромашно и мирно семејство со кое никој немал проблеми. Двете малолетни деца имале пречки во развојот поради што семјеството живеело повлечено.

    На лице место биле пронајдени 7 малокалибарски чаури, два преоктили и траги крв.Телата на починатите се предадени на обдукција.