×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Куманово и Струмица предвесници на новите победи

    07.11.2013 09:03 | KumanovoNews

     Лидерот на СДСМ Зоран Заев заедно со дел од највисокото централно раководство, синоќа во Куманово пред членството ја претстави новата партиска програма, а подели и 500 нови партиски книшки.

    СДСМ: Куманово и Струмица предвесници на новите победи

      Честитајќи им на младите социјалдемократи што донеле одлука преку најдобрата политичка опција да се вградат во општеството,  Заев вети дека заедно ќе успеат во конечната цел, Македонија да биде држава на граѓани со достоинство, држава на среќни и свои луѓе.

    Во изминатите 8 години битката што ја водеа Заев и Циц, Струмица и Куманово донесе само квалитет. Донесе победи, напредок и тронка надеж за Македонија дека сеуште постојат храбри и одважни луѓе, како што сте вие овде, кои што ја сакаат нашата земја и ќе испратиме порака на храброста во сите краеви во државата. Сите заедно успејавме да се одважиме и да пркосиме на овој недемократски режим, од оваа воспоставена диктатура во македонското општество.- рече Заев.

    Споредувајќи ја Македонија со латино-американските држави по сиромаштијата, Заев истакна дека никогаш порано немало толку длабока општествена раслоеност во која само 2 процента од населнието е енормно богато, а останатите немаа основни сретства за егзистенција. Со новата програма, СДСМ понуди враќање на средната класа, враќање на 15 насто од ДДВ, правичен персонален и данок на имот, ревизија на законот за извршители, намалување на висината на казните за 50 проценти, донесување на закон за стечајците, бенифициран стаж за земјоделците и градежниците. Најави и стопирање на непродуктивните трошоци како изградба на споменици и скапи медиумски реклами.

    Генералниот секретар на партијата и пратеник Оливер Спасовски се заблагодари на сите луѓе кои што во изминатиот период се вложиле во СДСМ и изградиле партија за почит, но ги повика своите сопартијци заедно единствени и сплотени  од Куманово да тргаат во нови победи на првите наредни избори.

    Посебно ми е драго што имаме 500 млади луѓе кои се приклучиа на нашата идеја во ова време-невреме. Заради тоа заслужуваат сериозно внимание и почит.Испраќам искрена порака до секој член на СДСМ и раководството на партијата да се почитуваме сите кои се вложиле во СДСМ, но и секој кој сака да се приклучи во оваа битка. Наша задача е да ги сочуваме вредностите на СДСМ и да ги научиме младите како се сака и како се гради политичка партија. Се случува вечерва уште една работа во Куманово, се фомира политичка партија од оние кои што произлегоа од СДСМ и земаа од партијата се што можеше да се искористи. На изборите имаа слога „Кд ако не ск„, а јас и тогаш им порачав „Никад па ни тк„, сега им порачувам дека џабе трошат време. Видоа граѓаните на Куманово дека имате по 2-3 функции и како ги здомувате вашите семејства на сметка на обичните луѓе и никој повеќе не ви верува.- рече Спасовски.

    Пред членовите на СДСМ се обратија и домаќините градоначалникот Зоран Дамјановски и претседателот на општинската организација Мартин Костовски. Тие го истакнаа значењето на општинското СДСМ и местото што во последно време го завзеле нивни членови во централните партиски тела.

    Овие млади луѓе покажаа на изборите дека знаат како да се справат со сите пресии, да се одважат и да донесат победа во најголемата општина во државата. Затоа сум сигурен дека и на наредните избори ќе извојуваме уште една голема победа, која ќе тргна од Куманово. Во историјата на СДСМ не сме имале толку наши луѓе во централниот и извршниот одбор, генерален секретар и мислам дека тоа чесно го заслуживме.- рече Дамјановски.

    Верувајте и сонувајте за слободата, правдата и еднаквоста. Затоа што иднината им припаѓа на овие кои веруваат во убавината на своите соништа. Верувајте дека се е можно, се е на дофат на рака само човек не смее да се предаде. Тешко е додека се одлучиш, а потоа сите препреки изгледаат преодни и сите тешкотии совладливи.- им порача Костовски на новите сопартијци.

    Синоќешната посета на централното раководството на СДСМ се поклопи со денот на основачкото собрание општинската организација пред 21 година и активностите на општината за Денот на ослободување на Куманово.